Ko da včera ne ni bilo (Ко да вчера не ни било) Vlado Janevski

Tekst piosenki

  • Tekst piosenki Redakcja
Отаде Вардар по мајски дождој една улица
мириса на липов чај
За моите мисли тука е крајна станица
а за мене стои знак „Не проаѓај!"

Светло зад прозорец наизглед обичен
но за мојта душа светилник
Чекори нови во твојто собиче
и во твоето огледало нов лик

На тебе се ме потсеќа кај и да одам
ми требаш ти одново да се родам
јас во нас се колнам и уште помнам
а ти забораваш
ко да вчера не ни било никогаш

Друга рака да ме допре освен твојата
в срце пелин ќе ми посади
Го враќам филмот, но да сфатам не можам
зошто моите сни ти беа претесни?

Светло зад прозорец наизглед обичен
но за мојта душа светилник
Чекори нови во твојто собиче
и во твоето огледало нов лик

На тебе се ме потсеќа кај и да одам
ми требаш ти одново да се родам
јас во нас се колнам и уште помнам
а ти забораваш
ко да вчера не ни било никогаш




Oceń to opracowanie
anonim