Dve duši i mesečina (Две души и месечина) Vlado Janevski

Tekst piosenki

  • Tekst piosenki Redakcja
Се разденува
во стварност повторно се селиме
Како закана ни доаѓа
време да се разделиме

Премногу причини
- премалку одговори
Дал желбата е доволна
нешто да се повтори?

Цела ноќ во височина
пловеа гушнати две души и месечина
А јас и ти - бегалци од овој свет
што љубовта ја учат напамет

Денот изминат
често ко креда ќе ме потроши
Во глава чекор наназад
до тебе да ме доближи

И сеуште
вкусот твој ко да го чувствувам
ко зрели урми - бакнежи
што сладат усни до зори

Цела ноќ во височина
пловеа гушнати две души и месечина
А јас и ти - бегалци од овој свет
што љубовта ја учат напамет




Zaloguj się aby zobaczyć całe opracowanie

Zaloguj się
Oceń to opracowanie
anonim