Evergrin (Евергин) Vlado Janevski

Tekst piosenki

  • Tekst piosenki Redakcja
    1 ocena
Кај Зоки Малиот во „Џубокс“
секојдневен парадокс
луѓе со суви грла а влажни погледи
јас меѓу нив како дух
за сите приказни и слеп и глув
не може ништо да ме повреди

Јас само чекам од негде да се појавиш
дека сум овде може некој ќе ти дојави?
иста маса, исто место, втората од десно,
ама датумот е друг

Некој стари песни пак ме трујат како плин
о, колку сакав јас и ти да сме си евергрин
љубов без почеток и крај
ко златен круг

Во глава носам албум, а на секој лист,
твоја слика и твој ракопис
ми води чекор во познат декор штом го отворам
Често на улица ке наслушнам:
„Види го, шета како ѓавол сам!“
Ма, нека... луѓе се, нек’ си прозборат

Јас само чекам од негде да се појавиш
дека сум овде може некој ќе ти дојави?
Ист е каменот и спрејот кај Младински на кејот
-ама датумот е друг
Оние стари липи пак ме трујат како плин
о, колку сакав јас и ти да сме евергрин
љубов без почеток и крај
ко златен круг

Е, да на времето имавме ти и јас
наша тајна географија
Од Бога и од луѓе да нè сокрие
Срце уште се обидува да смисли друга
ама не бива
Лични - а ни малку слични на тебе

И само чекам од негде да се појавиш
дека сум овде може некој ќе ти дојави?
Ист е паркот и фонтана и клупата од страна
ама датумот е друг
Низ смеа рече: „Што и да е - само да е син!
И нека расте, а јас и ти ќе сме си евергрин,
љубов без почеток и крај
ко златен круг“.




Zaloguj się aby zobaczyć całe opracowanie

Zaloguj się
Oceń to opracowanie
Ocena czytelników: Słaby 1 głos
anonim